Зголемениот број нови случаи на ковид-19 во Тетово е поради свадби на кои не се почитуваат протоколите, велат од Комисијата за заразни болести. На денешниот состанок на Комисијата била разгледувана епидемиолошката слика во земјава, при што било заклучено дека зголемувањето на бројот на позитивни случаи има само во Скопје и Тетово и дека не е потребно воведување на нови мерки.

Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комиисјата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, велат од МЗ.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.