Здравствените власти во земјава остануваат на истата стратегија, на тестирање за коронавирус да бидат подложени само оние пациенти што имаат симптоми, а да се следат нивните примарни и секундарни контакти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали се размислува за воведување брзи тестови за масовно тестирање, имајќи предвид дека некои од дијагностицираните случаи немале симптоми, Филипче потенцира дека остануваат на препораките на Комисијата за заразни болести дека ќе се тестираат само оние што пројавиле симптоми на ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.