Многу истражувачи веруваат дека аносмијата или губењето на сетилото за мирис е ран знак кој предупредува на зараза со коронавирус, но новото и многу значајно истражување на индиските научници покажа дека заразените со коронавирус, всушност, не чувствуваат само одредени мириси.

Индиските научници направиле ароматичен тест на база на пет различни типови на ароми, кои најчесто се користат во домаќинствата во Индија, а тоа се лук, нане, кардамом, кокосово масло и анасон.

Тестирањето било спроведено така што аромите се ставале во вреќички, па волонтерите имале задача да забележат дали го почувствувале мирисот на аромата во вреќичката или не. Во студијата учествувале 49 асимптоматични пациенти и 35 здрави волонтери. Истражувањето било двапати спроведено, а вториот пат бил заменет редоследот на аромите и била додадена вода во тестот.

Првата важна работа која студијата ја открила е тоа дека пациентите кои имаат коронавирус не го губат чувството за мирис во целост – тоа го пријавиле само 4,1 отсто од испитаниците за сите пет ароми. Вкупно 38,8 отсто не можеле да препознаат една арома, а 16 отсто – две. Помеѓу здравите волонтери, 14 отсто од нив не можеле да почувствуваат една од петте ароми во вреќичките.

Кога биле споредени сите податоци, индиските научници изолирале две ароми кои пациентите со ковид-19 не можеле да ги помирисаат, а тоа се кокосовото масло и нане.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.