Дел од кабинетот на министерот за Труд и социјала, Ѓунул Бајрактар, односно вработени во неговиот кабинет се позитивни на Ковид 19, објави Алфа. Според информациите на Алфа вработените цело време оделе на работа. Медиумот побарал одговор за оваа информација од министерството. Оттаму одговориле дека член на потесното семејство на заменик министерот за Труд и социјална политика Ѓунул Бајрактар, добил позитивен тест на вирусот ковид -19. Тестирањето било извршено во приватна лабораторија вчера, семејството денеска извршило тестирање во институтот за јавно здравје, а резултатите се очекуваат согласно насоките на ИЈЗ. Заменик министерот и вработените од неговиот кабинет се во изолација, одговориле од министерството за труд и социјала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.