Министерството за здравство, организира настан по повод одбележување Европска недела на имунизација, што ќе се одржи утре (петок, 19 април), во Зоолошката градина во Скопје, со почеток во 11 часот.
Настанот ќе го отвори министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, а ќе учествуваат деца од градинките од Општина Центар и ученици од основното музичко училиште од Струмица ООМУ „Боро Џони“, кои ќе настапат со дел од концертот со маски „Џунгла“.
Европската недела на имунизација традиционално се одбележува со цел подигнување на свесноста за вакцините како најдобра превентивна мерка за заштита на населението од заразни заболувања, а воедно за зачувување и одржување на колективниот имунитет.
Одбележувањето на Европската недела на имунизација е поддржано од Светската здравствена организација, под мотото „Заедно заштитени – заштити, спречи, вакцинирај“!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.