Вистинска драма се случувала во текот на вчерашниот ден во ГОБ „8 Септември“, кога заболен со коронавирус побегнал од ковид-центарот, се шетал низ главниот град, а во текот на ноќта бил приведен од страна на полицијата и вратен во болницата.

Оваа информација се појави на социјалната мрежа Твитер при што од еден профил беше раскажана целата случка во која бил вклучен извесен Борче Ивановски, а притоа се бара и одговорност од вработените во ГОБ „8 Септември“ кои дозволиле да се случи вакво нешто.

Заболени од ковид-19 бегаат од ковид-центарот при „8 Септември“. Ќе сноси некој од тамошните вработени одговорност? Зборувам конкретно за случајот со Борче Ивановски кој ноќеска беше приведен и транспортиран на Инфективната клиника. Избегал од болница и се движел насекаде низ Скопје. Се возел со градски автобуси, седел во ГТЦ итн. Ставете по еден полицаец на сите влезови на клиниките каде што има заболени од ковид-19, да не бегаат од болница идиотите и да заразуваат се наоколу – се вели во објавата на Твитер.

Од МВР за Плусинфо ја потврдија информацијата дека интервенирале по повик од ГОБ „8 Септември“, при што побегнатото лице по неколку часа било вратено во болница.

На 06.10.2020 во 21.30 часот од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 02.00 часот и вратено во болницата – велат од МВР за Плусинфо.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.