Центарот за јавно здравје соопшти дека Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство, прогласи епидемија на морбили на цела територија на Македонија, бидејќи од почетокот на годината се регистрирани 961 случај на заразени лица од оваа болест.
Дополнително веќе 6 центри за јавно здравје имаат прогласено епидемија на мали сипаници, а евидентирани се морбили во 20 градови.
Најмногу заболени се деца од претшколска возраст и затоа како мерка на ниво на цела држава ќе се симне границата за вакцинирање од 13 месечни бебиња на 6 месечни бебиња. Исто така, нема да се примаат невакцинирани деца во градинките, но оваа мерка не може да важи за училиштата бидејќи основното и средното образование се задолжителни.
Според податоците на Центарот за јавно здравје околу сто доенчиња на возраст помали од една година заболеле од мали сипаници. Во моментов хоспитализирани се 55 деца на инфективната клиника и 15 на педијатрија, од кои 7 се во тешка здравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.