Регистриран е пораст на бројот на заболени од грип во државава. Изминатата недела (од 6 јануари до 12 јануари), се регистирани 583 заболени од грип, што е зголемување за речиси три пати споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 207 случаи. Ова денеска го изјави денеска епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.
Посочи дека и покрај тоа што бројот на заболени значително се зголемил, тоа не е бројка која го поминува прагот на сезонската активност кога може да се каже дека веќе има вистинската сезона на грип.
Наспроти податоците што ги добиваме од вирусолошкиот надзор кои велат дека минатата недела се тестирани најголем број материјали – 18 од кои пет се позитивни, има три материјали позитивни на грип од типот H1 и два А тип, но не субтипизирани заедно со тоа што пред недели го детектиравме како H3 А тип, веќе имаме палета на разноликост, каде превалира 70 отсто појава на А тип, а 30 отсто појава на Б типот – потенцира д-р Кузмановска.
Додаде дека најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (166), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата што ја покрива Подрачната единица Дебар (209 на 100.000 жители) со 58 пријавени случаи.
Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 1.618.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.