Поради зголемениот број на посетители во Охрид и во пресрет на продолжениот празничен викенд, општината најави засилени контроли на терен за почитувањето на мерките за ковид-19.

Инспекторите на државните инспекторати, заедно со екипи на Инспекторатот при Општина Охрид ќе спроведуваат заеднички и координирани контроли и ќе вршат инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од коронавирусот“, се вели заклучоците по состанокот на Општинскиот кризен штаб.

Поради најавите за организација на бројни музички настани на повеќе локации на отворено, на кои се очекува да присуствуваат голем број на посетители, Кризниот штаб на Општина Охрид им порача организаторите да не ги организираат настаните, доколку немаат капацитети за почитување и спроведување на посебните протоколи за работа.

Исто така, се упатува препорака и до сопствениците на локации на кои се закажани овие настани, да не ги изнајмуваат локациите за организација на музички настани од масовен тип, доколку не постојат услови за почитување на одредбите од овој Протокол, се вели во соопштението.

Од таму додаваат поради зголемениот број на туристи во градот, општината деновиве ќе спроведе Кампања за подигување на јавната свест во делот на почитување на мерките за заштита, која ќе се одвива на повеќе јавни локации и на социјалните мрежи

Се упатува препорака до жителите на Охрид и туристите кои во моментот престојуваат во градот, максимално да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од коронавирусот: да се носат заштитни маски; да се одржува потребна дистанца и да се одржува лична хигиена според препораките, се вели во соопштението на охридскиот кризен штаб.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.