Директорката на Клиниката за гинекологија и акушество, Викторија Јовановска денеска соопшти дека во реновинарната амбуланта за медикаментозен абортус од почетокот на годината имало 154 медикаментозни абортуси и околу 90 класични абортуси.

На Клиниката за гинекологија и акушерство од денеска во функција е целосно реновираната ургентна амбулантна. По тој повод Клиниката денеска ја посети министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека преполовувањето на новороденечката смртност на Клиниката за период од две години е резултат што го нема ниту една друга земја во светот, што заслужува пофалби и честитки и за менаџерскиот тим на чело со директорката и целокупниот стручен колегиум.

Оваа реновирана амбуланта дневно опслужува 50 до 60 жени кои доаѓаат за различни состојби во областа на гинекологијата. Има нови CTG апарати со кои се регистрира срцевата активност кај бебињата, нов гинеколошки стол, еден пријатен амбиент да се даде соодветна здравствена услуга. Веќе неколку месеци во функција е амбулантата за медикаментозен абортус и согласно измената во Законот за здравствена заштита во делот на абортус оваа опција сега им се нуди на нашите жени. Со тој закон волјата на жената ја ставивме на прво место, потенцира Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.