Деветгодишната Љупка Велјановска од Битола боледува од целебрална парализа, а како последица на тоа доби и епилепсија. На овој млад борец и нејзиното семејство им е потребна итна материјална помош.

Најновите испитувања покажале дека се се случувало заради недостаток на кислород во мозочето. Оваа година, се отвори надеж за семејството дека со операција во Турција е можно малата да ја победи болеста. Операцијата ја плаќа државата, но се потребни само 3.000 евра за да се покријат останатите предоперативни трошоци, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Контакт: Клодиана Велјановска Тел: 078 300 798

Трансакциона сметка: 200002785092704 Стопанска банка – АД Скопје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.