Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 12 до 20 јуни, регистрирани се нови 1.406 заболени лица од коронавирусот во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 340 позитивни.

Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 години, поточно 273 случаи, кај лицата од 50-59 години со 261 случаи и од 40-49 години – 229 случаи.

Најмал број на новозаразени во периодот од 8 дена е регистран кај децата од 0-9 годишна возраст, каде се забележани 53 случаи и од 10-19 години, каде има 58 новозаболени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.