Пациенти кои бараат хоспитализација ги враќаат назад, нема приеми на нови болни, медицинскиот персонал работи под притисок. Ковид 19 ги преполни болниците, но и бројката на критични пациенти. Дури 13 лица се на респиратор во ГОБ 8ми септември, за разлика од вчерашниот ден кога двајца пациенти имале потреба од механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. (4.11.2020)

Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 13 пациенти. (05.11.2020)

Здравството го вклучи црвениот аларм и бара дополнителен простор за згрижување на сите кои имаат тешка клиничка слика како последица на вирусот. Денешната корона  статистика покажува дека на болничко лекување има 888 лица, односно, исполнети се сите дополнителни капациенти во установите. Ако ги споредиме бројките од пред еден месец, тоа значи дека сега има за 2,5 повеќе хоспитализирани од 1 октомври.

Хоспитализирани во болница

1 октомври – 362 пациенти

5 ноември – 888 пациенти

Од МЗ најавуваат дека на интерните клиники има дополнителни 150 кревети за прием. Како помош на медицинскиот персонал ги повикаа специјализантите, додека, пак од апелот до 56-те приватни интернисти кои работат со Фондот, само 9мина доброволно се пријавиле да помогнат во лекувањето на ковид болните. Дополнителен проблем за болниците во внатрешноста, пак, е што имаат поголем број на заразени здравствени работници и незнаат кој ќе ги згрижува пациентите.

– Новиот дел ќе зависи од персоналот кој што ќе го имаме дали ќе може ако ги преселиме таму  во тој дел пациентите. Треба да ни дозволат да направиме прием на персонал, сестри и доктори за да може некој да работи таму, изјави   д-р Наќе Гогов директор на Општа болница Струмица.

Од утре со помош ќе се вклучи и армијата, по наредба на претседателот Пендаровски.

Инаку, освен драстично зголемување на бројот на хоспитализирани, бројките покажуваат дека во моментот има 12.762 активни случаи, што е за пет пати повеќе од пред еден месец кога имаше 2327.

Активни случаи

1 октомври – 2327 случаи

5 ноември – 12 762 случаи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.