Директорката на болницата во Пула, докторката Ирена Хрстиќ, ги коментираше новите симптоми кај пациенти со коронавирус.

Она што е различно и интересно во однос на почетокот на епидемијата е дека примарните проблеми, барем она што го забележавме кај пациентите, се повеќе поврзани со стомачни проблеми. Имаме помалку симптоми на пневмонија и повеќе проблеми со желудникот, рече Ирена Хрстиќ во Дневникот на ХРТ.

Како што објасни таа, проблемите со стомакот се карактеристични за овој последователен бран на инфекција.

Факт е дека во одреден момент постои кашлица, и постојат оние респираторни проблеми, но не е како порано со значителна пневмонија и висока температура, рече Хрстиќ, наведувајќи дека овие се карактеристики за областа и популацијата во регионоТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.