Втор смртен случај од Ковид-19 во Делчево. Втората жртва на коронавирус е 86-годишен пациент кој починал, откако по позитивниот тест неодамна бил примен и лекуван во болнички услови.
Пациентот пред тестот имаше влошена здравствена слика, поради што мораше да биде препратен на болничко лекување. За жал се што можеме да изјавиме во врска со тоа е да упатиме сочувство до семејството на починатиот наш сограѓанин, истакнаа здравствените надлежни.
Ова е втор смртен случај од почетокот на пандемијата. Првиот беше регистриран во месец мај оваа година.
Во Делчево денес е регистриран еден нов случај на Ковид-19, што е драстично намалување од претходните два дена кога заедно со Македонска Каменица имаше вкупно 20 новозаболени.
Во околните градови Берово и Пехчево денеска се регистрирани осум оздравени пациенти, додека нема нови позитивни на коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.