До нашата редакција се обрати загрижен читател кој сакаше да проговори за најзагрижувачкиот проблем на селото Врапчиште, во 21. век.

-Врапчиште веќе со години нема стабилен пристап до вода. А кога има, можете на атачираните слики да видите состојбата на водата. Ви се обраќам да побарам помош за пораката да стигне до овластените органи на Република Македонија. Им се обраќам на надлежните органи со надеж дека овој проблем ќе се реши во најкратко време, особено ако сакаме Република Македонија да биде член на ОН и ЕУ, бидејќи, право на вода и сенетација е помеѓу основните човекови права според General Comment No. 15 и Resolution 64/292, пишува Озлем Сали.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.