Вработена во Поликлиниката Чаир е заболена од коронавирус и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот, потврди денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.

Посочи дека досега во Здравствен дом Скопје со коронавирус се заразени вкупно четворица вработени.

Во Здравствен дом Скопје дијагностицирани се позитивни тестови на четири лица и тоа телефонистка од Поликлиниката Чаир, медицинска сестра од Поликлиниката Ченто, возач на Итната медицинска помош, како и медицинска сестра од Домашната посета. За сите овие лица е одреден домашна изолација и земена е епидемиолошка анкета, рече д-р Исјановски.

Додаде дека дезинфекција е извршена и во останатите поликлиники, како и во Итната медицинска помош, а одлучено е вработените во Домашна посета покрај останатата заштитна опрема да носат и скафандери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.