Германскиот министер без ресор Хелгер Браун предупредува на опасноста од „супер сој“, која може да биде отпорен на вакцини против коронавирусот.
Во интервју за „Билд“, Браун, кој по професија е лекар, оцени дека Германија во моментов е во најопасната фаза на пандемијата.
За жал, сите стравови се покажаа вистинити. Третиот бран има потенцијал да биде полош од првиот, затоа што е предизвикан од позаразна мутација. Следнните седмици ќе бидат одлучувачки за тоа дали наскоро ќе можеме да ја ставиме пандемијата под контрола. Ако сега, паралелно со вакцинирањето расте и бројот на инфекции, тогаш расте и опасноста дека следната мутација ќе биде имуна на вакцината, објасни тој.
Германскиот министер вели дека со рано олабавување на мерките се загрозуваат шансите за нормално лето.
Браун очекува дека ситуацијата ќе се подобри во мај, со напредокот на вакцинацијата и со потоплото време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.