Министерството за здравство информира дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот центар, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа.
Во изминатите 10 дена дена, од волонтерите побарале помош вкупно 3.168 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека пациентите навистина чувствуваат бенефит од оваа мерка.
Волонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.
Како волонтери нашиот ангажман е од хуман аспект и преку овој проект им помагаме на пациентите полесно да ги најдат одделите и докторите. Пациенти ни приоѓаат и нѐ поздравуваат, велејќи дека оваа мерка e неопходна. Ќе продолжиме да се вклучуваме во секој проект кој значи олеснување во работата, бидејќи е корисно за сите, велат Андриана и Сања, волонтери на Црвениот крст, кои во рамки на заедничкиот проект со Министерството за здравство им помагаат на пациентите за полесно снаоѓање во клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.