Во Велес регистрирани се две лица заразени од британскиот сој на коронавирус. Станува збир за маж и жена, и двајцата од Велес, кои се хоспитализирани на Инфективното одделение при велешката Општа Болница, информира за МИА д-р Весна Николовска Неделкова директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје.
-Станува збор за жена на 65-годишна возраст и за маж на 68-годишна возраст, и двајцата од Велес. Жената е хоспитализирана три дена, а мажот четири дена на Инфективно одделение при велешката Општа болни, информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница.
Инаку, во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, од кои 32 се потврдени позитивни и двајца пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест, информира д-р Јованова.
На Инфективно одделение има 32 пациенти, а на Интерно – Б крак двајца.
Инаку, според информацијата од Центарот за јавно здравје денес во Велес и велешко има 20 новозаразени од Ковид -19, а 25 оздравени, активно на вирусот во моментов во Велес и велешко се 226 пациенти од кои поголемиот дел се на домашно лекување, а помал дел во велешката болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.