Шест пациенти починаа во Ковид-центарот изминатите 24 часа, информираат денеска од Клиничка болница Тетово. Најмладиот пациент имал 55, а најстариот 85 години.
Имаме нови 16 пациенти примени на болничко лекување, а 10 исписи. Вкупно се хоспитализирани 105 лица од кои 104 се на кислородна поддршка, изјави координаторот во Ковид-центарот, Гзим Нуредини.
Во текот на 24-те часа до седум часот утринава имало 185 прегледи и контроли на луѓе со симптоми на коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.