Во Србија медиумите јавуваат дека вториот бран на корона вирусот удира силно и ги напаѓа најмладите. Така, српски „Курир“ пишува дека во претходните две недели, три дотогаш здрави деца завршиле на респиратор во болницата „Тиршова“, додека во друга болница на респиратор е 14 годинишно момче кое тренирало ватерполо.
Сите четири деца кои последниве две седмици завршиле на ресипиратор се на возраст меѓу 5 до 15 години, но по заразувањето со вирусот развиле тешка клиничка слика.
Како што додаваат српските медиуми, посебно е алармантeн фактот дека сите деца биле потполно здрави пред да се инфицираат, па тоа што развиле тешка клиничка слика која ги одвела на репсиратор, не може да се доведе во врска со други болести.
Пулмологот д-р Снешана Рсовац, началник на педијатриската и неонаталошка нега во „Тиршова“ во Белград изјавиле дека трите деца заздравиле и сега се чувствуваат одлично.
Колку што ни е познато, ниту едно од децата немало некаква претходна болест, но сите биле со малку поголема тежина од нормалната. Уште во февруари е забележано дека и децата можат да имаат тешка форма на тн. педијатриски системски инфламаторен одговор на организмот кон вирусот. Коморбидитетите се значаен фактор, но некогаш и целосно здрави деца можат да развијат тешка клиничка сика. Тоа може да биде последица на генетски условениот имунолошки одговор на организмот или на неадекватниот имунолошки одговор. Истражувањата се во тек и никој засега со сигурност не може ништо да каже ништо. Училишната година уште не почнала и мнозинството деца не биле во колектив, рекла д-р Рсовац за Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.