Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во средата им препорача на граѓанмите кои целосно се вакцинирани против Ковид-19 да ја примат и третата доза со цел подобро да се заштитат од делта варијантата на коронаворусот кој брзо се шири низ САД.
Врз основа на нашата најнова процена, сегашната заштита од тежок тек на болеста, хоспитализирање и смрт би можела да се намали во следните месеци, особено меѓу оние коишто се изложени на поглем ризик или се вакцинирани во раните фази од програмата за имунизација. Поради причини, заклучивме дека ќе биде потребна бустер дозата за да се максимизира заштитата од вакцината и да се продолжи нејзиното траење – соопштија здравствените функционери од администрацијата на Бајден.
Во соопштението се наведува дека здравствените власти препорачуваат бустер дозата да се прими осум месец по аплицирањето на втората доза од вакцината,.
Ваквата опција ќе биде овозможена од 20 септември, откако Агенцијата за храна и лекови (FDA) ќе ја оцени ефикасноста и безбедноста од третата доза од вакцините на „Фајзер / Бионтек“ и „Модерна“. Покрај тоа, според властите, бустер дозата ќе им биде потребна и на оние коишто ја примиле вакцината на „Џонсон и Џонсом“ која се дава во една доза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.