Во пожарот кој се случи синоќа во ГОБ „8 Септември“ не е уништен ниту еден документ кој по важечките прописи мора да е архивиран и да се чува со законски предвиден рок, соопштија од болницата.

Во врска со вчерашниот пожар во просторија со архивски материјал, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември – Скопје, ја известува јавноста дека во просторијата беа сместени документи стари неколку децении и кои веќе беа предмет на постапка на архивско уништување. Во пожарот не е уништен ниту еден документ кој по важечките прописи мора да е архивиран и да се чува со законски предвиден рок. За причините на пожарот ќе се изјаснат надлежните институции, се вели во соопштението на ГОБ „8 Септември“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.