Од Сојузот на дијабетичари на Македонија побараа навремена и континуирана достапност на инсулин на територијата на цела држава, особено во услови во пандемија од Ковид-19. Од Созјузот велат дека се соочуваат со многу предизвици и прават се за да ја регулираат својата состојба и да се одбегнат компликации и влошување на состојбата.
Лицата со дијабетес – децата и адолесцентите и нивните семејства, чувствуваат огромна несигурност, во последните 2 – 3 месеци со недостаток на одредени инсулини, кои се потврдуваат на делови од територијата на државата. Имено, силно се надеваме дека, нашето барање за решавање на оваа состојба, за навремено и целосно достапен инсулин до секој пациент, ќе биде надмината во најкраток можен рок, во интерес на здравјето на сите лица со дијабетес, а со тоа и во интерес на јавното здравје, апелираат од Сојузот.
Оттаму порачуваат дека јавното здравје не е ниту „бизнис“, ниту политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.