Еден швајцарски имунолог, според неговите наводи, развил кандидат за вакцина против коронавирусот, која, по успешното тестирање, би можела да се користи уште оваа година.
Мартин Бахман од Универзитетската клиника во Берн има намера потребните студии и процесот на одобрување да ги помине што е можно побрзо и во октомври во Швајцарија би можело да почне масовно вакциниррање.
Надзорната комисија во здравството „Свисмедик“ ги потврди разговорите соо Бахман и други истражувачи кои работат на вакцината против коронавирусот.
Временскиот план е многу оптимистички, но не и невозможен, изјави портпаролот на Свисмедика Лукас Јаги, пренесуваат медиумите.
Тој укажал дека поради итноста, процесот на одобрување нема да трае со месеци, туку со недели, пренесува виенскиот весник „Естерајх“. Ако бидат исполнети условите за одобрување, одлуката ќе биде донесена пред крајот на годината, најави тој. Првото помало тестиање на луѓето ќе почне во јули, најави Бахман.
Се придржуваме кон сите процеси, само што го забрзавме процесот, изјави тој.
„Свисмедик“ истакнува дека во одредени случаи , кога станува збор за болест опасна по живот, како што е актуелниот ковид-19, постои можност да се даде временски ограничено одобрување пред да заврши клиничкото тестиање. Првите резултати од студијата, која опфаќа три фази, ќе покажат дали вакцината е делотворна и дали има опасни ефекти.
Бахман, во изработка на вакцината користи честички слични на вирусот, кои во телото предизвикуваат реакција на одбрана, со што се поттикнува имуниот систем, во случај на инфекција успешно да се бори против вирусот.
На слична основа делуваат и вакцините против ХПВ и хепатитис Б.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.