Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на ковид-19, информираше денеска Министерството за здравство.

Девет пациенти починаа како последица од компликации предизвикани од ковид-19, а Министерството за здравство регистира 90 новозаболени од 665 тестирања од кои во Скопје се 36, соопштија од Министерството.

Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.