Во моментов децата на возраст меѓу 12 и 15 години се главни преносители на ковид-19, смета главниот медицински службеник во Велика Британија, професорот Крис Вити. Според него, без вакцинација, скоро сите на возраст од 12 до 15 години во одреден момент би можеле да се заразат.

Дефинитивно постои значителен пренос на вирусот во оваа возрасна група. Всушност, возрасната група за која зборуваме е онаа што во моментов има највисока стапка на пренос, колку што можеме да кажеме“, рече професорот Вити.

На сите деца во таа возрасна група ќе им се понуди вакцина откако Вити и неговите колеги минатата недела рекоа дека вакцинацијата ќе биде корисна за децата во намалувањето на пречките во образованието, пренесува Ројтерс.

Вити посочи дека оваа препорака се фокусира исклучиво на доброто на децата од оваа возраст и дека не е дадена од политички причини.

Практично секое невакцинирано дете најверојатно ќе се зарази во одреден момент“, предупреди тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.