Бројот на активно заразени со коронавирус во земјата, во моментов изнесува 2.076 лица.

Деновиве зголемен е бројот на заразени од вкупниот број на направени тестови, а по тој повод министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека се прават анализи кои ќе ги утврдат причините за порастот. Како што посочи, анализата најверојатно ќе биде изготвена до утре, по што ќе се знае дали дополнително треба нешто да биде преземено.

Вчера, од направени 1.397 тестирања регистрирани беа 140 нови случаи на Ковид-19, што е околу 10 проценти од тестираните. Оздравеа уште 60, а починаа 6 пацинети.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.557, бројката на оздравени пациенти е 13.792, на починати е 689 .Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид -19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.