Принципите на превенцијата се истите и без разлика кој сој на вирусот ќе дојде ќе останат исти – маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете и ние не можеме да живееме затворени. Граѓаните мора да го имаат ова на ум и да имаат на ум дека станува збор за нивното здравје и кога е во прашање вакцинацијата, но и кога се во прашање превентивните мерки, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

И таму кај што има случаи и таму кај што нема ниту еден случај инсистираме да се спроведува вакцинацијата. Тоа е нашиот фокус засега, посочи Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за кардиологија.

Тој рече дека направени се анкетите, ставени се во изолација четворицата заразени со бразилскиот сој на вирусот и додаде дека од последниот пријавен случај, нема нови случаи со индискиот сој на вирусот.

Присутни се два, три соја на вирусот и тоа што е битно дека принципите се исти – вакцинацијата и превенцијата која важи за сите соеви. Вкупниот број на вакцинирани еве и по поединечни групи или вкупно во државата меѓу 70, 80 и 85 проценти би било нешто што значи колективен имунитет, појасни Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.