Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“, истакна дека се планира надградување на стратегијата за тестирање.

Сега на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот, не на антителата, меѓутоа се брзи и за 10 до 15 минути го детектираат вирусот без лабораторија и без лабораториски апарат. Брис и една мала плочка. Ќе започнеме за кратко време со набавка. Тие ќе бидат дистрибуирани пред се во болниците и во соработка со Центрите за јавно здравје веројатно на граничните премини. Во болниците ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои што доаѓаат пред се на итните и на тие на коишто им е потребна некаква интервенција. За 15 минути, нема да има лабораториски апарат, ќе знаат вработените дали е пациентот позитивен или негативен со тоа точно ќе се знае дали ќе оди по патеката за корона позитивни пациенти или ние го викаме во „чистиот“ дел на болниците. За границите ќе направиме стратегија и тука ќе тестираме и евентуално детектираме некои суспектни групи коишто доаѓаат од странство, рече министерот Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.