Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса денеска присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на мултипла склероза, организиран со цел да бидат разменети мислења, искуства и заеднички да ја унапредиме грижата за болните од мултипла склероза.
Министерството за здравство има цврста определба да ја унапреди грижата за овие пациенти со сите институции кои учествуваат во лекувањето и целта е обезбедување современа терапија за што повеќе пациенти, како и воведување нови лекови.
Значително е зголемен буџетот за оваа намена, а во соработка со Универзитетската клиника за неврологија, каде се лекуваат најголем дел од пациентите, интенција е постојано да ги унапредуваме водичите за лекување се со цел навремена дијагноза и отпочнување со соодветна терапија, изјави заменик министерот д-р Муса.
Раната дијагноза и рана терапија е клучна во намалување на инвалидитетот од оваа болест.
Оваа година обезбедивме средства за зголемување на количините на еден од најиновативните и нови лекови за МС, Окревус и неколкукратно се зголеми бројот на пациентите кои ќе бидат во можност да го примаат овој лек. Исто така, за првпат во македонското здравство обезбедена е и посебна просторија каде пациентите ќе можат да ја примаат редовно инфузионата терапија за МС.
Министерството за здравство заедно со Фондот за здравствено осигурување координирано преземаат активности за унапредување на услугите што ги добиваат пациентите со мултипла склероза, како што се програми за помош, ортопедски помагала и полесна достапност на здравствените услуги.
Министерството за здравство е отворено за комуникација и соработка со цел заеднички да се заложиме за унапредување здравствената заштита на овие лица.
Во светот има околу 2,3 милиони луѓе кои живеат со оваа болест, а стотици илјади не се дијагностицирани. Голем број луѓе се грижат за некој член од семејството со мултипла склероза.
Станува збор најчестото невролошко заболување кај младата популација од 20-40 та година од животот и меѓу најчеста причина за инвалидитет кај младите.
Во Македонија има околу 1 500 лица кои боледуваат од мултипла склероза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.