Во Куманово ќе се укине градскиот и меѓуградскиот превоз и ќе се затворат сите продавници во отворените трговски центри, освен аптеките и супермаркетите со цел да се запре ширењето на заразата на коронавирсуот, изјави денеска Венко Филипче, министер за здравство на редовната прес-конфренција.
Денеска министерството за здравство соопшти дека има 12 новозаболени од КОВИД-19 од кои петмина случаи се токму од Куманово. На 21 март во болницата во Куманово почина 57-годишна пациентка, која беше забележена како прв случај кој почина од КОВИД-19. Нејзините два теста првично биле негативни, а постхумно, третиот тест покажа дека таа имала коронавирус.
Министерот Филиче соопшти дека од петте новозаболени, тројца се здравствени работници од кои двајца се лекари и една е медицинска сестра. Сите имаат лесна клиничка слика и се на во домашно лекување.
Земени се вкупно 63 бриса и тоа од членови на семејството и од вработените во болницата во Куманово. Овие мерки со укинување на превозот и со затворање на продавниците ги правиме со цел да го запреме ширењето на заразата. Едно од позитивните лица на КОВИД-19 живее во околината на Куманово и затоа се решивме на оваа мерка, рече Филипче.
Дванаесет нови заболени лица со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Седум лица се од Скопје и пет од Куманово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) – од кои 1 починат, Куманово (8) – од кои 1 починат, Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.