Центарот за јавно здравје Куманово последниве 24 часа регистрира 11 новозаболени пациенти од Ковид -19. Девет од новозаболените се од општина Куманово и две лица се од општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.
Дел од регистрираните случаи во Куманово се новозаболени, а има и лица кои имале контакт со веќе заболен член во семејствата-изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Ариф Љатифи.
Денеска се извршени 62 тестови од нив, 17 по „Мој термин“, останатите се направени согласно епидемиолошки индикации и дел се контролни тестови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.