Израелското Министерство за здравство објави дека открило помал број на воспаленија на срцевиот мускул кај помлади мажи кои примиле вакцина на „Фајзер / Бионтек“.
Во Израел се откриени 275 случаи на миокардит во периодот од декември до мај, меѓу пет милиони вакцинирани лица, објави Министерството за здравство по направената студија за испитување на ова прашање, објави Ројтерс.
Повеќето пациенти кои имале миокардит не поминале повеќе од четири дена во болница а 95% од случаите биле класифицирани како лесни.
Во студијата стои дека постои можна врска помеѓу приемот на втората доза од вакцината на „Фајзер“ и појавата на миокардит кај мажи на возраст меѓу 16 и 30 години, се вели во соопштението.
Според наодите од студијата, таквата врска е забележана повеќе кај мажите на возраст од 16 до 19 години, отколку во другите групи.
Од „Фајзер“ во изјавата велат дека се свесни за израелското откритие на миокардитот, но додаваат дека не е постои сигурна поврзаност со нивната вакцина.
Во пресрет на очекуваната одлука за започнување на вакцинирање на деца на возраст од 12 до 15 години во Израел, Министерството за здравство издаде соопштение во кое нема препораки, но се наведува дека тим експерти ја испитуваат ситуацијата со цел да дадат препорака на министерот.
Израелските медиуми објавија дека програмата за вакцинација за деца може да започне во недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.