Лекарите во Италија забележале необичен случај на пациент заразен од коронавирусот. Добро е познато дека вирусот корона предизвикува низа непријатни симптоми, од висока температура до сува и постојана кашлица. Но, новиот извештај открива дека вирусот исто така може да предизвика ретка компликација, субакутен тироидитис.
Субакутен тироидитис е болно отекување на тироидната жлезда за кое се смета дека се јавува како резултат на вирусна инфекција, како што се заушки или грип. Субакутен тироидитис обично предизвикува треска и болка во вратот, вилицата или увото.
Екипа на лекари од Универзитетската болница во Пиза во Италија го откриле појавувањето на оваа состојба кај 18-годишен пациентка кој бил заразен со болеста „Ковид-19“, што претходно ја имал и нејзиниот татко.
Младата девојка целосно се опорави од „Ковид-19“, што беше докажано со негативен наод, односно тест што беше направен неколку дена подоцна. Сепак, таа по закрепнувањето имала дополнителни здравствени компликации.
Таа пријавила болка во вратот и тироидната жлезда, треска и зголемена срцева фреквенција (тахикардија), затоа потоа била вратена во болницата, каде и дијагностицирана субакутен тироидитис.
Ова е прв случај на субакутен тироидитис по инфекција со вирусот САРС-КоВ-2. Треба да се предупредат лекарите за можноста од оваа дополнителна клиничка манифестација, која е поврзана со Ковид-19, рече д-р Франческо Латрофа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.