На грчкиот остров Санторини се поставени првите лежалки со заштитен плексиглас од двете страни коишто ќе обезбедат подобра заштита на посетителите за време на пандемијата на коронавирус.
Покрај тоа, корисниците ќе имаат на располагање пешкири за еднократна употреба и средства за дезинфекција, во своите кабини од плексиглас.
Лежалките ги постави познатиот Чарли Чахин, сопственик на монденски хотел во Санторини, кој прв почна со поставување лежалки заштитени со плексиглас на плажата Периса.
Видовме дека прават нешто слично во странство и така дојдовме до идеја тоа да го поставиме на Санторини, со цел нашите гости да се чувствуваат безбедно и сигурно додека престојуваат на плажа – рече тој во интервјуто за грчкиот весник Прото Тема.
Лежалките ќе бидат поставени на растојание од 4 метри, а плексигласот треба да ги покрие само левата и десната страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.