Во Франција е забележан прв смртен случај на деветгодишно дете со слични симптоми на болеста Кавасаки, опишана кај млади пациенти кои биле во контакт со коронавирусот.
Момчето починало од невролошко оштетување поврзано со срцев удар, имало серологија што покажува дека било во контакт со коронавирусот, но не ги развил синдромите на ковид-19.
Од 1 март, во Франција се идентификувани 125 случаи на атипични форми на синдромот Кавасаки. Погодените деца, претежно од африканско потекло, биле заразени со САРС-КоВ-2 и имаат просечна возраст од осум години.
Слични синдроми се пронајдени и кај деца во Италија, во Шпанија, во Швајцарија и во САД.
Симптомите се значително влошување на општата состојба, треска, конјунктивитис, суви усни, осип, големи лимфни јазли во вратот, без да бидат присутни во исто време. Сите овие деца и адолесценти имаат голем воспалителен синдром и воспаление на неколку органи кои бараат хоспитализација, со неможност за утврдување на дијагноза, како и изложеност на ковид-19 или потврда на болеста кај пациентот. Развојот на овие пациенти досега беше поволен во повеќето случаи.
Како и случаите откриени во Обединетото Кралство, поголемиот дел од овие деца или адолесценти се од Африка, од Антилите или од Северна Африка, што укажува на веројатна генетска патека, забележуваат лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.