Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 546 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 37 болни, а во Куманово 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 899 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.