Моментално во болниците во Македонија се хоспитализирани 774 лица заразени со ковид-19, а од нив 472 се на кислородна поддршка и 23 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кој се однесува за период од 20 до 26 септември 2021.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, Институт за ТБЦ, Институт за физикална медицина и рехабилитација, УК Дерматологија, УК Токсикологија, УК ОРЛ, УК Неврологија, УК Кардиологија, ГОБ 8-ми Септември, КБ Штип, КБ Битола и КБ Тетово, ОБ Куманово, ОБ Прилеп, ОБ Велес, ОБ Струмица, ОБ Струга, ОБ Охрид, ОБ Гостивар, ОБ Кичево, ОБ Кочани, ОБ Гевгелија и ОБ Кавадарци, СБ за ТБЦ Лешок, КБ Систина) моментално се хоспитализирани 774 лица, а од нив 472 се на кислородна поддршка и 23 на инвазивна неинвазивна механичка вентилација, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 26.09.2021 вкупно се регистрирани 555 реинфекции (една втора реинфекција).
Регистрирани се 6.607 смртни случаи. Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година ( 49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (293).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.378) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.236,5/100.000 жители. Регистрирани се 3.984 смртни случаи кај лица од машки и 2.623 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 4.896 (74,1% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.967), дијабет (n=1.638) и белодробна болест (n=735). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход.
Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 404 (6,1%) починале во вонболнички услови, а 6.203 (93,9%) починале во хоспитални услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.