Вкупно 18 вработени од кумановската болница се позитивни на коронавирус и од вкупно 700 вработени, 80-тина се наоѓаат во самоизолација. Тие ќе бидат тестирани кога ќе заврши периодот на инкубација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција на која соопшти дека во изминатите 24 часа во Македонија има 29 новозаболени и петмина починати од Ковид-10.
Засега лекарите во Куманово имаат доволно опрема и другите одделенија функционираат соодветно, односно не се загрозени со кадар, рече Филипче.
Тој денеска заедно со престтавници од Институтот за јавно здравје беше во посета на кумановската болница и соопшти дека најмногу погодено е инфективното одделение на оваа Клиника, каде беше заболен дел од персоналот со Ковид-19, па на ова одделение беа донесени лекари од Штип и Струмица.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид -19 во нашата земја изнесува 599 лица, од кои 30 се излечени, а 26 починати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.