Во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба, изјави за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири.
Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеца до 16 години.
Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка, додаде д-р Зеќири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.