Во текот на денешниот ден беа региострирани 128 нов случаи со коронавирус, од кои најголем дел се од Скопје.

Два нови случаи се регистрирани во Битола, а се работи за 18- годишни битолчани кои се меѓусебно поврзани, а и поврзани со претходно евидентирани лица со коронавирус, соопштија од Центрот за јавно здравје во Битола.

Од Кризниот штаб на Општина Битола соопштија дека присутна е појава на асимптоматски случаи, а возрасната граница кај заболените во Битола се спушта, така што заболуваат и лица на возраст помеѓу 20 и 30 години.

Од појавата на пандемијата во Битола се заразиле 116 лица, а болеста е во тек уште кај 58.

Во Кавадарци, од десетте нови случаи, шестмина се тинејџери од 18 и 19 години.

Младите не ги почитуваат мерките за заштита, а се групираат, излегуваат се дружат, заради што и не знаат да кажат од кого се заразиле. Некои од нив ни рекоа дека имале болен во семејството, но останатите не ги кажуваат контактите, заради што многу е тешко да се воведе контрола. Инаку, сите тинејџери се на домашно лекување, со лесни симптоми, некои дури се и асимптоматски. Како и да е, очекуваме да се зголеми бројот на заразени бидејќи кафулињата во градот се полни, гужва е насекаде, а маска ретко кој носи, вели д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје на Кавадарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.