Серијата аутопсии направени на починатите од коронавирусот откриле информации од витално значење за клиничкиот третман на болеста, открива форензичарот кој вршел обдукција на починатите тела.
Лиу Ланг, професор д-р на Медицинскиот факултет во Вухан изнел некои сознанија во неодамнешно интервју кое што го имал. Првата аутопсија била направена на 16-ти февруари, а досега кинеските научници извршиле 12 обдукции од кои Лиу направил девет. Патолошките наоди укажуваат дека Ковид-19 има сличност со САРС, но и дека оваа болест има и други карактеристики. Судејќи по извештаите, болеста предизвикува дистална алвеоларна штета, поточно во дишните патишта пронајдена е голема количина на “леплив шлајм“. Ова е проблем на кој треба да се насочи целото внимание.
На пример, нормалното белодробно крило на допир е како сунѓер затоа што во него има воздух. Но, белодробното крило заразено од коронавирусот не изгледа така. Тоа повеќе не е белодробно крило, тоа е консолидација (промена карактеристична за воспаление на белите дробови). Нешто друго се наоѓа во белите дробови и поради тоа мора да знаете која е таа патолошка промена како се лечи истата. Во спротивно сето тоа е бескорисно, како да испуштате кислород во затворени патишта изјавил д-р Ланг.
Со напомена дека аутопсијата на починатите од коронавирусот е многу ризична, докторот исто така истакнал дека би му било многу срам доколку не може да допринесе ништо во одбраната од коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.