Од 53 базени во 17 не се знае каков е квалитетот на водата. Не правеле анализи или немале договор со Центрите за јавно здравје редовно да ја испитуваат. Вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат покажа дека 4 базени делумно ги задоволувале и санитарно хигиенските услови односно треба да ја подобрат состојбата со тушевите, во тоалетите, соблекувалните или просторот во објектот наменет за спорт и рекреација.
Тоа не значи дека водата е неквалитетна, туку не се правени анализи или немаат договор за испитување на квалитетот на водата со Центрите за јавно здравје, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.
Инспекторите од ДСЗИ извршиле вонреден надзор и во бањите. Од 9 базени кои се користат за медицинска рехабилитација 3 не ги исполнувале основните санитарно хигиенски услови. Доколку не ја подобрат сосотојбата ќе следуваат санкции.
На сите им се издадени решенија од ДСЗИ со точно утврдени рокови до кои треба да ги поправат недостатоците, и доколку во наредниот период не постапат по истите и не ја подобрат состојбата ќе следуваат соодветни санкции,додаде д-р Бухова.
Од ДСЗИ велат дека задоволува квалитетот на водата во трите природни езера. Во текот на сезоната биле земени примероци за испитување од 30 локации на Охридското езеро, а небезбедно за капење е само кај одморалиштето Партизан
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.