Во неколку наврати експертите кои работат во козметичката индустрија се огласија против штетноста и ризикот по здравјето што ја предизвикуваат штетните УВ зраци додека ги „печете“ вашите нокти со цел да се постигне совршен маникир. Иако ризикот за рак е многу мал, сепак вашите раце се изложени на штетното зрачење на УВ зраците, процес што во иднина би можел да има негативни последици.

Светски познатиот магазин Космополитен направи неколку истражувања на оваа тема и крајниот заклучок е дека покрај зрачењето со штетните УВ зраци, тука е и преносот на бактерии бидејќи ретко кој козметички салон после користењето на ламбата за сушење на гел за нокти ја дезинфицира, за таа да биде спремна за наредна употреба. Ова упатува на фактот дека е можен пренос на било каква кожна болест, која во минимален процент случаи знае да биде и фатална.

Сепак, дамите сакаат нивните раце да изгледаат негувано како и нивните нокти. За таа цел еве неколку практични совети што треба да ги знаете пред да отидете во салон за убавина.

1.Посетете ги салоните за маникир кои користат ламби со LED светилки за сушење на ноктите наместо УВ зраци. Ќе трае малку подолго но заштитата и здравјето се на прво место.

Секогаш прво прочитајте го составот на гелот или лакот пред да биде нанесен на вашите нокти. Гледајте во составот да нема отровни материи како толуен и формалдехид и слично кои можат да ги разјадат вашите кутикули и да навлезат длабоко под кожата и да ви предизвикаат алергија.
Правете повремени паузи помеѓу редовниот маникир, за да ги задржите вашите нокти здрави.
Доколку во салонот морате вашите нокти да ги сушите со ламба која има УВ зрачење, тогаш морате претходно да си исончате вашите раце. Држете ги на сонце неколку дена за да се навикне кожата и да ја стимулирате пигментацијата.
Ако пак не сте во можност да ги сончате вашите раце, тогаш ставете си ракавици што немаат прсти и на тој начин заштитете се.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.