Владата на Република Македонија на денешната редовна 26-та седница, ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението во земјава за 2020 година со што се потврдува намерата на Министерството за здравство да учеството во COVAX Facility за набавка на 833.000 дози на вакцини за КОВИД-19 – информираат од Владата.

Според нив програмата ќе се реализира во рамките на одобрените средства во висина од 487.900.000,00 денари, од кои 69.722.000,00 денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против КОВИД-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.