Седумстотини седумдесет и шест приватни здравствени установи-аптеки, со кои Фондот за здравствeнo осигурување во моментов има склучено договор, за месец март 2019 година, ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за лекови, за 12.000 денари, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Фондот континуирано ја следи достапноста до лековите на рецепт и работи на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец. Ова го прави со цел осигурениците да може да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење.
Линеарното зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари, е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за месец март.
Фондот сака да укаже дека еден од условите за зголемување на месечната квота е аптеките да издаваат најмалку 20 отсто лекови за кои осигурениците не треба да доплаќаат. Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.