Во Македонија вкупно 364 пациенти заболени или сомнителни на ковид-19 се хоспитализарани, покажува денешната статистика на Министерството за здравство.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 5.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во последните 24 часа вкупно 11 лица починаа од компликации од коронавирус, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19 од 1.364 тестирања.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.005, бројката на оздравени пациенти е 1.904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.