Дали пијалокот Кока-Кола е така безопасен како што изгледа на новогодишните реклами кога ја пие Дедо Мраз? Ја пиеме секојдневно, необрнувајќи внимание дека тоа е исклучително штетна по нашиот организам.
Дневно се консумираат 2 милијарди нејзини производи во 207 држави. Што мислите од каде потекнува слоганот Кока-Кола и насмевка? Кокаинот од содржината на Кока-Кола е исфрлен уште пред повеќе од 100 години затоа што не бил потребен, бидејќи постојат и други состојки кои ја вршат истата функција како кокаинот.
На почетокот на 20 век (1903) Кока-Кола морала да го исфрли кокаинот од состојките, но затоа е зголемено присуството на кофеин кој исто така е стимулатор, но не е забранет. Кока кола содржи 19,6 мг кофеин во 200 мл течност (една чаша).
Што се случува во нашето тело кога ќе се напиеме Кока-Кола?
Дали сте се запрашале зошто Кока-Кола ја пиеме со насмевка? Тоа е поради тоа што со неа се дрогираме, иако кокаинот од овој пијалок е исфрлен пред повеќе од 100 години.
10 минути откако сме се напиле кока-кола:
10 лажички шеќер се внесени во нашиот организам. Но поради фосфорната киселина која го намалува слаткиот вкус, ние нема да повратиме.
20 минути откако сме се напиле кока-кола:
Количината на шеќер во крвта нагло пораснува и предизвикува инсулинска експлозија. Нашиот црн дроб одговара со тоа што целиот шеќер во крвта го претвара во маснотии (во овој момент црниот дроб е многу оптоварен со работа)
40 минути откако сме се напиле кока-кола :
Кофеинот од кока-колата е потполно апсорбиран. Ни се шират зениците, расте крвниот притисок, а како резултат на тоа, нашиот црн дроб уште повеќе пумпа шеќери во крвотокот. Аденозин рецепторите (кои се наоѓаат во мозокот) во овој момент се блокирани и поради тоа ние не осеќаме вртоглавица.
45 минути откако сме се напиле кока-кола:
Телото го зголемува производството на допамин, кои ги стимулираат центрите за пријатност во мозокот. На овој ист начин ни делува и хероинот.
1 час откако сме се напиле кока-кола:
Фосфорната киселина реагира со калциумот, магнезиумот и цинкот во дебелото црево, предизвикувајќи додатна експлозија во метаболизмот. Ова накнадно се компликува со големите дози на шеќер и вештачки засладувачи, кои го зголемуваат лачењето на калциум во мокрачата.
Повеќе од 1 час откако сме се напиле Кока-кола:
Диуретските својства на кофеинот почнуваат да влијаат на нашето тело (зголемена потреба за мокрење). Тогаш целиот калциум, магнезиум и цинк, кои биле наменети за нашите коски и тело, како и електролитите на натриумот и водата се исфрлуваат од телото.
Блиску 2 часа откако сме се напиле Кока-кола:
Хаосот во нашето тело стивнува и започнуваме да осеќаме недостаток на шеќер. Во овие моменти можеме да бидеме многу лесно раздразливи и вознемирени. До сега сме ја исфрлиле преку мокрачата, целата вода од Кока-колата. Но таа вода која сме ја исфрлиле, претходно се соединила со најважните хранливи материи од нашето тело, потребни за изградба на нашите заби,коски, мускули и нерви. Поради ова, телото ги нема во овој момент потребните минерали за нормално функционирање.
Неколку часа откако сме се напиле Кока-кола:
Поради створената навика, организмот чуствува недостаток на кофеин и се јавува желбата за уште една доза на Кока-кола.
Покрај многу важните микроелементи кои сте требале да ги апсорбирате, вие исфрлате и огромна количина на течности. Доаѓа до шеќерен колапс и едноставно морате да ја поправите состојбата. Ако сте навикнати на Кока-Кола, тоа ќе ви биде најлесниот начин, и всушност, Кока-Кола баш ни одговара. Дали знаете дека Кока-Кола можеме да ја класифицираме во дроги, многу е лесно да се навлечете на неа, а последиците се вишок килограми и стомак како кај трудница.
Кои супстанци се наоѓаат во Кока-Кола и колкава е нивната штетност?
Фенилаланин – Го намалува лачењето на серотонинот (хормон на среќа) и предизвикува зависност.
Фосфорна киселина – Е338 – Ја смалува густината на коските, затоа што ги врзува калциумот и магнезиумот и формира соли. Предизвикува болести на бубрезите и создавање на камења.
Натриум цикламат – Е952 – Вештачки засладувач кој бил забранет во 60-тите год. од минатиот век, бидејќи откриено е дека формира канцерогени материи во организмот.
Ацесулфам К – E950 – Се мисли дека е канцероген.
Аспартам – E951 – Се мисли дека е штетен за мозокот, и дека е ризик фактор за предизвикување на тумор.
Кофеин – Предизвикува зависност.
Натриум Цитрат – регулатор на вкусот кој всушност е анестетик (за јазик) и антикоагулант.
Натриум Бензоат – Е211- Конзерванс, кој може да реагира со витамин Ц и формира Бензен, чии канцерогени својства се веќе познати. Исто така е утврдено дека оваа хемикалија предизвикува клеточно оштетување, бидејќи влијае на ДНК митохондриите.
Во 2007 година е откриено дека натриум бензоат (Е221) предизвикува хиперактивност и ја намалува интелигенцијата кај децата.
Според овие истражуања IQ опаѓа и до 5,5 поени. Од Кока-Кола изјавија дека ќе ја откажат употребата на Е221 веднаш што се пронајде адекватна замена.
Вештчки засладувачи и ГМО шеќери
Покрај сите маки и зависности кои овој, најпопуларен пијалок, ни ги носи, во поново време имаме проблем и со засладувачите и ГМО шеќерите.
За пијалокот Кока-Кола да биде поевтин, наместо шеќер се користи високо фруктозен пченкарен сируп (high fructose corn syrup – HFCS) кој се добива од генетски модифициран (ГМО) шеќер. Во светот се врши голем притисок Кока-Кола да се етикетира како ГМО. Аспартамот е уште еден засладувач кој е ГМО, а се произведува со помош на ГМО бактерија.
Многу студии на HFCS го доведуваат во врска со тешкото заболување дијабетес тип 2. Истражувачите од Универзитетот Оксфорд дошле до заклучок дека дијабетесот тип 2 е за 20 проценти позастапен во земјите во кои се користи HFCS во храната и пијалоците.
Средството за боење на Кока-Кола 4-MEI (метилимидазол) е канцерогено
Средството за боење 4-MEI (метилимидазол) во Калифорнија е ставено на листата со канцерогени производи така што Кока-Кола и Пепси ќе мораат да го променат рецептот. Всушност да ја отстранат состојката 4-MEI која покрај овие пијалоци се наоѓа и во соја сосовите и некои видови на пиво. Тестирањата на животните покажаа дека ова средство може потенцијално да биде канцерогено и да предизвика тешки заболувања, како што е ракот на бели дробови, ракот на црниот дроб, леукемија….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.